Илон Маск повторно се врати на врвот на листата на најбогатите со 449 милијарди долари

9.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Илон Маск повторно се врати на врвот на листата на најбогатите со 449 милијарди долари

Основачот на Оракл, Лари Елисон, е на второто место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека основачот на Амазон, Џеф Безос, е на третото место со проценето богатство од 265 милијарди долари (229 милијарди евра).

Коосновачите на Гугл, се на четвртото и петтото место Лари Пејџ, со 242 милијарди долари (209 милијарди евра), а Сергеј Брин е на петтото место со 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).

Основачот на Мета, Марк Закерберг, е на шестото место со 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека францускиот милијардер Бернар Арно е на седмото место со богатство проценето на 191 милијарда долари (165 милијарди евра).

Арно е исто така единствениот неамериканец меѓу 15-те најбогати луѓе во светот. Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, е 15-ти најбогат човек, со проценето богатство од 117 милијарди долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата