Гутереш за кипарското прашање: Одлучен сум и нема да се откажам

17.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш за кипарското прашање: Одлучен сум и нема да се откажам

На прес-конференцијата во пресрет на Генералното собрание на ОН, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е оптимист за продолжување на разговорите, Гутереш изрази одлучност.

-Ќе одговорам повторно со реченицата на Жан Моне, која ја употребив неколкупати на оваа прес-конференција: Не сум оптимист. Не сум песимист. Одлучен сум. Нема да се откажам, нагласи Гутереш.

Непосредно пред Генералното собрание на ОН личната претставничка на генералниот секретар за кипарското прашање Марија Анхела Олгин беше во посета на Кипар каде што оствари одделни средби со лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, Христодулидис и Татар.

На маргините на Генералното собрание, се очекува генералниот секретар да се сретне со двајцата лидери на одвоени средби, но и да се одржи и трилатерална средба Гутереш - Христодулидис - Татар, што веројатно ќе биде на 27 септември./МИА 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата