Главниот осомничен за нападот врз Северен тек започна штрајк со глад во италијански затвор

4.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Главниот осомничен за нападот врз Северен тек започна штрајк со глад во италијански затвор

Германски „Шпигел “ пренесува дека прашањето за екстрадицијата на 49-годишниот Украинец од Италија во Германија со месеци е предмет на меѓудржавен спор.

Украинецот започна штрајк со глад на 31 октомври, барајќи да се почитуваат неговите основни права, додаде адвокатот.

Како што е наведено, Серхиј К. бара право на „соодветна исхрана, здрава средина во затворот, хумани услови и еднаков третман со другите затвореници кога станува збор за семејни посети и пристап до информации“.

Тој беше уапсен во август додека беше на одмор со своето семејство во близина на Римини, а оттогаш неговиот случај го води италијанското судство.

Украинецот е главен осомничен за нападите врз рускиот гасовод во Балтичкото Море пред три години и е обвинет од федералното обвинителство за заедничко предизвикување на експлозијата и неуставна саботажа, а треба да се соочи со судење во Германија.

Судот во Болоња неодамна ја одобри неговата екстрадиција на германските власти, но адвокатот на Серхио К. објави дека ќе поднесе жалба на одлуката.

„Шпигел“ не беше во можност да посочи кога ќе се одржи следното рочиште во Италија.

Двата гасоводи беа сериозно оштетени во експлозии на 26 септември 2022 година, а тој напад се смета за најголем чин на саботажа во европската историја, според германскиот весник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата