Германската полиција упадна во Бундестагот- извршен е претрес во канцеларијата на екстремен десничар

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската полиција упадна во Бундестагот- извршен е претрес во канцеларијата на екстремен десничар

Германското јавно обвинителство нареди претрес на канцеларијата на членот на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во Бундестагот, Рејмонд Шајрих, а истрагата е поврзана со обвинувања за проневера во рамките на групата на градскиот совет на партијата во Аугсбург, соопшти германската полиција.

Претресот на канцеларијата претходно беше овластен од Бундестагот, кој му го укина имунитетот на Шајрих, а полицијата заплени докази пронајдени на местото на настанот, објави „Дер Шпигел“.

Според властите и полицијата, истрага е отворена и против други осомничени, вклучувајќи уште еден член на Бундестагот, како и член на баварскиот покраински парламент, под обвинение за проневера и измама.

Полицијата, исто така, претресла канцеларија во баварскиот покраински парламент.

Според истражителите, членовите на советот, кои биле претседател и заменик-претседател на групата на AfD помеѓу 2022 и 2023 година, наводно злоупотребиле средства доделени од градот Аугсбург за активностите на групата, заедно со други обвинети.

Средствата наводно биле „намерно погрешно претставени“ во финансискиот извештај за да се „спречи враќањето на средствата кон градот Аугсбург“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата