Германска компанија го искористи грабежот во Лувр за реклама: Генијално, заслужува круна (ВИДЕО)

24.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германска компанија го искористи грабежот во Лувр за реклама: Генијално, заслужува круна (ВИДЕО)

Меѓутоа, додека истражителите трагаат по сторителите, една германска компанија неочекувано го искористи вниманието на јавноста за да создаде рекламна кампања.

„Кога мора да се движите брзо...“

Семејната компанија „Бекер“, со седиште во градот Вернет, се најде во центарот на приказната откако беше откриено дека крадците го користеле нивниот механички лифт за мебел за да се искачат на балконот на галеријата „Аполо“, од каде што ги зеле вредните предмети.

Оваа недела, тие објавија хумористичен оглас на социјалните мрежи со слика од лифтот, сега „познат“ благодарение на грабежот. Под него е натписот:

„Кога мора да се движите брзо - „Бекер Агило“ ги транспортира вашите вредни предмети до 400 килограми, со брзина од 42 метри во минута - тивко како шепот.“

Исчезнаа за осум минути

За потсетување, снимките што се појавија на интернет ги прикажуваат крадците како бегаат во истиот лифт, откако за само осум минути зеле вредни предмети од колекцијата на француски кралеви и цареви од музејот.

Меѓу украдените предмети од Лувр се круни, ѓердани, обетки и брошеви украсени со илјадници дијаманти и скапоцени камења.

Директорот на компанијата, Александар Бокер, рече дека ја направиле рекламата дури кога дознале дека никој не е повреден, објавува Би-Би-Си.

„Вашата порака заслужува круна“

„Злосторството е, се разбира, апсолутно за осуда, тоа е јасно. Но, ова беше можност нашиот мал семеен бизнис да се појави во контекст на најпознатиот музеј во светот“, рече тој.

Рекламата предизвика лавина од позитивни реакции на мрежите - корисниците ја нарекоа „генијален маркетиншки потег“, а еден од коментарите гласеше: „Вашата порака заслужува круна“.

Бокер потврди дека го препознале лифтот од вестите и објаснија дека бил продаден на француски купувач кој изнајмува опрема во Париз. Крадците, рече тој, го украле уредот за време на однапред договорена тест-демонстрација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата