Германија во шок: Пронајдено е телото на исчезнатото 8- годишно момче, било запалено

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија во шок: Пронајдено е телото на исчезнатото 8- годишно момче, било запалено

Обдукцијата го потврди најлошото - момчето починало од насилна смрт.

Телото био пронајдено во вторникот, а според канцеларијата на државниот обвинител во Росток, имало знаци на насилство и траги од горење, што укажува на обид за прикривање на доказите. Иако официјалниот идентитет сè уште не е потврден, истражителите претпоставуваат дека станува збор за осумгодишниот Фабијан, момчето кое исчезнало во петокот, 10 октомври.

Фабијан исчезнал откако, според првичните информации, сакал да го посети својот татко, кој живее одвоено од мајка си јужно од Гистрово. Неговата мајка го пријавила како исчезнат истата вечер. Полицијата и кучињата трагачи успеале да ја следат неговата трага до автобуската станица во Гистрово, но потоа сите траги исчезнале.

Во деновите што следеле, пребарувањата на езерата и околните области биле неуспешни сè до вторникот наутро, кога жена што шетала во близина на Клајн Упал наишла на телото на детето во шумата и веднаш ја повикала полицијата.

Иако истражителите речиси сигурно веруваат дека станува збор за Фабијан, се чека официјална потврда откако ќе се анализираат примероците од ДНК, чии резултати се очекуваат утре. Блиските роднини побарале да не бидат идентификувани и не биле во можност да го видат детето, што, според државниот обвинител, е сосема разбирливо со оглед на околностите.

Канцеларијата на државниот обвинител и полицијата издадоа заедничко соопштение во кое се наведува дека, врз основа на моменталната состојба на истрагата, се претпоставува дека некој друг е одговорен за смртта на детето.

„Невообичаено е да се најде тело на дете во шумска област. За жал, го претпоставуваме најлошото“, изјави портпаролот на полицијата за германските медиуми.

Според информациите објавени од локалните медиуми, телото било запалено, а околностите укажуваат на намерен обид за уништување на доказите. Властите сè уште не потврдиле кој би можел да биде осомничениот, пишува Нордкуриер.

Гистров, градот каде што живеел Фабијан, е обединет во тагата. Мештаните палат свеќи и оставаат цвеќе во близина на училиштето што го посетувал осумгодишникот. „Сите сме во шок. Никој не може да разбере како може да се случи нешто вакво“, рече еден жител.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата