Филмски грабеж во Њујорк: Се маскирале како работници и украле над 3 милиони долари (ВИДЕО)

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филмски грабеж во Њујорк: Се маскирале како работници и украле над 3 милиони долари (ВИДЕО)

Филмскиот грабеж се случил на сред ден на 16 октомври во населбата Јамајка Хилс во Квинс, а полицијата сега објави детали и снимки од надзорните камери, според nbcnews.com.

Дрзок упад среде бел ден

Според соопштението за медиумите од Полициската управа на Њујорк (NYPD), крадците „насилно“ ја отвориле задната врата од куќата околу 14:20 часот. Откако „влегле во локацијата, лицата извадиле сеф и накит, со проценета вредност од приближно“ 3,2 милиони долари. По кражбата, тие избегале со сино Хјундаи Елантра, што исто така било снимено од надзорните камери.

Полицијата го бара триото

Истражителите објавија детални описи на тројцата мажи со надеж дека некој ќе ги препознае. Еден од мажите што влегол во домот носел „црна маица, црни панталони, црни патики, неонски елек, бела кацига, заштита за очи и бил виден како носи црн ранец“.

Другиот носел „црна маица, црни панталони, сиви патики, неонска јакна, бела кацига, заштита за очи, црна маска за лице и носел црн ранец“, соопшти полицијата.

Третиот осомничен, кој бил зад воланот, носел „бела дуксерка со качулка, црни панталони, сиви патики“ и црни ракавици. За среќа, никој не е повреден во грабежот, а потрагата по сторителите сè уште е во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата