Естонија претстави домашна ракета за одбрана од дронови

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Естонија претстави домашна ракета за одбрана од дронови

Ракетата Марк 1, долга само 65 сантиметри, е оружје кое може да ја „заштити Европа од Путин“ и ќе биде првата линија на одбрана од напади со руски дронови, пишува весникот.

Поранешен државен службеник во естонското Министерство за одбрана, Кусти Салм, при претставувањето на ракетата Марк 1 рече дека Естонија никому нема да се извинува за фактот што произведува оружје.

- Не се плашиме да кажеме дека произведуваме ракети за да соборуваме руски дронови со долг дострел. Не се извинуваме за фактот што ова ќе биде најпотребното одбранбено оружје во западниот свет во наредните пет до десет години, рече Салм кој сега е извршен директор на „Франкенбург технолоџис“, производител на прифатливи и масовно произведувани ракетни системи.

Тој додаде дека цената од 50 илјади евра по ракета е речиси 10 пати помала од поединечната цена на ракетите што денес се користат за соборување руски дронови од типот „Шахед“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата