Еруптира вулкан во Индонезија- на сила е највисоко ниво на тревога (ВИДЕО)

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еруптира вулкан во Индонезија- на сила е највисоко ниво на тревога (ВИДЕО)

Според првичните информации, нема извештаи за жртви, пишува АП.

Индонезиската геолошка агенција објави дека ерупцијата во раните утрински часови исфрлила лава и облаци од пепел до 10 километри во висина. Помалку од девет часа подоцна, следела уште една ерупција, создавајќи облак од пепел во облик на печурка висок речиси осум километри.

Овој вулкан на оддалечениот остров Флорес еруптирал три пати само во вторник. Лавини од облаци од црвен жежок гас, измешани со карпи и лава, се спуштале по неговите падини за време на утринските и пладневните ерупции, додека трета ерупција го осветлила ноќното небо со црвен жешка лава и молњи.

На сила е највисокото ниво на тревога

Хади Виџаја, раководител на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи, потврди дека неколку села се покриени со пепел и остатоци. Тој ги предупреди жителите да бидат внимателни поради можни обилни дождови што би можеле да предизвикаат лава да тече во реките .

Планината висока 1.584 метри е на највисоко ниво на тревога од 18 јуни, а зона на исклучување е воспоставена во рамките на седум километри од кратерот. Неговата голема ерупција во ноември 2024 година уби девет лица, а десетици беа повредени. Вулканот беше активен и во март оваа година.

Индонезија, архипелаг со повеќе од 280 милиони жители, е често погодена од сеизмичка активност. На нејзината територија има 120 активни вулкани, а се наоѓа по должината на „Огнениот појас“, серија сеизмички раседни линии во форма на потковица што го опкружуваат Тихиот Океан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата