Еруптира индонезискиот вулкан Семеру

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еруптира индонезискиот вулкан Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру, највисокиот и еден од најнестабилните вулкани во земјата, еруптираше денеска попладне, исфрлајќи густ столб од пепел високо над Источна Јава и ослободувајќи брзи пирокластични текови кои се спуштија неколку километри по неговите падини, соопштија локалните власти.

Ерупцијата почнала околу 16 часот по локално време, стои во писмениот извештај од Мукдас Софиан, службеник во индонезискиот центар за мониторинг на вулкани, пренесе ДПА.

Столбот од пепел се издигнал околу 2.000 метри над врвот, достигнувајќи надморска височина од околу 5.676 метри.

- Пирокластични текови сè уште се случуваат, со должина на ширење што достигнува седум километри од врвот, а ерупцијата беше во тек во моментот кога беше подготвен овој извештај, рече Софиан.

Планината Семеру, лоцирана во густо населен регион на Јава, е највисокиот врв во Индонезија со 3.676 метри и се наоѓа на пацифичкиот „Огнен прстен“, сеизмички активен лак каде што вулканските ерупции и земјотресите се чести.

Вулканот постојано еруптираше во последниве години, вклучително и во 2021 година кога загинаа уби 35 луѓе, а цели села беа затрупани под жешка пепел.

Во Индонезија има повеќе активни вулкани отколку во која било друга земја, а честата активност на Семеру внимателно се следи поради ризиците што ги претставува за блиските заедници, транспортните патишта и авијацијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата