Дарчијев: САД одбиваат да разговараат за обновување на воздушниот сообраќај со Русија

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дарчијев: САД одбиваат да разговараат за обновување на воздушниот сообраќај со Русија

САД го суспендираа директниот воздушен сообраќај со Русија по почетокот на војната во Украина.

Тој во интервју за рускиот весник „Комерсант“ истакна дека Стејт департментот категорично одбива да преговори за враќање на шест де факто конфискувани дипломатски објекти, кои се во приватна сопственост на Русија.

Дарчијев додаде дека американските разузнавачки агенции незаконски ги спречуваат рускиот амбасадор и дипломати да пристапат до руските дипломатски објекти.

На 27 февруари и 10 април во Истанбул се одржаа разговори за нормализација на работата на амбасадите на Русија и на САД и за изнаоѓање на начини за надминување на тензиите во билатералните односи.

Руската делегација ја предводеше Дарчијев, додека делегацијата на САД ја предводеше заменичката-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Соната Колтер.

Првата средба, зад затворени врати, траеше повеќе од шест часа, додека втората рунда траеше пет и пол часа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата