Експлозија одекна утрово во Марсеј, Франција, во близина на рускиот конзулат.
Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
-Нема жртви, изјави рускиот генерален конзул во Марсеј Станислав Орански за порталот Марсеј.
Експлозиите во Генералниот конзулат на Руската Федерација во Марсеј имаат карактеристики на терористички напад и Москва бара детална истрага од Франција, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Експлозиите на територијата на Генералниот конзулат на Русија во Марсеј ги имаат сите обележја на терористички напад. Бараме земјата што ги акредитира да преземе сеопфатни и брзи мерки за истрага, како и чекори за зајакнување на безбедноста на руските странски мисии“, рече Захарова, пренесува ТАСС.