Полицијата соопшти дека еден маж и една жена се убиени, а осомничениот е уапсен и однесен во болница со хеликоптер, објави чешкиот весник „Новинки“.
„На местото на настанот е пронајдено оружје. Сите околности на инцидентот се предмет на понатамошна истрага“, изјави портпаролката на полицијата на Чешка, Клара Јеничкова.
❗ Policisté zasahují v centru Smržovky na Jablonecku u nahlášené střelby. Na místě nedaleko školy údajně zemřeli dva lidé, třetí je těžce zraněný.https://t.co/kjh1h8mI5q
— Deník.cz (@denikcz) October 16, 2025
Таа додаде дека пукотницата се случила во непосредна близина на локално основно училиште.
„Полицијата ги презеде потребните мерки и ги извести луѓето во областа да не излегуваат. Во овој момент, веројатно е само случајност што инцидентот се случил во близина на училиштето и нема никаква врска со таа институција“, рече таа.
На местото на настанот интервенираа и специјални единици, како и амбулантни возила и пожарникари.