Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачот е идентификуван како Диоген Архангел Ортиз (49) кој бил убиен при интервенција на безбедносните сили, пренесува Си-Ен-Ен.
- Двајцата полицајци кои беа ранети при интервенцијата во моментов се во стабилна состојба. Лекар од интензивна нега, медицинска сестра и чистач се здобија со прострелни рани, а четвртиот вработен е повреден при пад, изјави окружниот обвинител на округот Јорк, Тим Баркер на прес-конференција./МИА