Британија утре ќе го објави најголемиот пакет санкции против Русија

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британија утре ќе го објави најголемиот пакет санкции против Русија

- Утре планирам да го објавам најголемиот пакет санкции против Русија од почетокот на конфликтот. Целта на санкциите е да се поткопа руската воена машинерија и да се намалат приходите со кои Русија го финансира своето уништување во Украина, ја пренесува изјавата на Лами британскиот ТВ канал ITV.

Во извештајот се потсетува дека САД почнале преговори со Русија за ставање крај на конфликтот, но дека Киев е исклучен од преговарачкиот процес. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата