Во објавата Франкен додава и на истата локација и во саботата биле регистрирани слични „четири до пет“ дронови.
- Тоа најверојатно биле професионални управувачи со дронови кои мапирале одредени работи. Тоа не е дело на аматери, туку на искусни управувачи на дронови, наведе Франкен.
Тој додаде дека дроновите регистрирани во саботата „подолг временски период“ летале над клучните делови од базата.
Во изјава за белгиската државна телевизија ВРТ, Франкен изрази загриженост поради појавата на дроновите, оценувајќи дека тоа претставува „нов безбедносен предизвик“.
- Ни требаат добри системи за детекција. Треба да можеме на радар да ги видиме (дроновите) како се приближуваат. Овие системи постојат и треба да ги набавиме што е можно побрзо, изјави Франкен, најавувајќи дека ова прашање ќе го покрене пред Владата следната недела.
Во последниве недели дронови беа регистрирани над неколку аеродроми и воени објекти ширум Европа, вклучително и во Белгија. Така, на почетокот на месецов над белгиската воена база Елзенборн на границата со Германија беа забележани околу 15 дронови, кои по надлетувањето над објектот се упатиле на германска територија.
Засега не познато каков тип на дронови биле вклучени во секој од инцидентите во Белгија, ниту пак кој стои зад нив.

