Драматично: Мајка вреска дека детето не дише, кога се појави храбар полицаец (ВИДЕО)

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драматично: Мајка вреска дека детето не дише, кога се појави храбар полицаец (ВИДЕО)

Драматичниот инцидент се случил минатиот месец во градот Логанвил, а на Мондезир му помогнала медицинска сестра која случајно се нашла на местото на настанот.

„Само сакав да преживее“

Видео, снимено со полициска камера, кружи на социјалните мрежи, на кое се гледа како Мондезир одговара на повик од испаничени родители кои објасниле дека бебето се гуши и не реагира.

Тој веднаш започнал со кардиопулмонална реанимација (ЦПР), додека медицинска сестра му помагала, објавува Fox 5 Atlanta.

„Само сакав малото да преживее. Бев нервозен, на почетокот се плашев дека нема да успееме“, рече тој.

Претходно награден со медал

Видеото го прикажува бебето како е во несвест, а по ЦПР, може да се слушне мајката како вели: „Пулсот станува посилен“. Неколку моменти подоцна, момчето почнало да дише. Потоа, брза помош го пренела во болница за понатамошно лекување.

„Ја извршив својата работа. После тоа ме преплавија емоции“, искрено рече Мондесир.

Ова не е прв пат полицаецот да спаси живот. Пред две години, полициската управа му доделила медал откако ѝ помогнал на жртва на сериозна несреќа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата