Драма во Виена: Србинка со нож нападнала момче, едвај ја совладале

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Виена: Србинка со нож нападнала момче, едвај ја совладале

Според првичните информации, 39-годишна српска државјанка се заканила дека ќе убие 23-годишен маж за време на забава со пријатели и се обидела неколку пати да го нападне со кујнски нож, пишува vienna.at.

За да се одбрани, нападнатиот млад човек зграбил стол и го фрлил кон 39-годишната. Жената паднала на подот од ударот и го испуштила ножот, со што се спречила евентуална трагедија, пренесе Телеграф.

Полициските службеници набрзо пристигнале на местото на настанот и ја привеле 39-годишната. Ѝ е издадена забрана за приближување и привремена забрана за носење оружје.

По наредба на државното обвинителство во Виена, таа е пуштена на слобода, а против неа се поднесени обвиненија под сомнение за упатување опасна закана.

Мотивот за нападот кон момчето засега е непознат, како и идентитетот на осомничената српска државјанка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата