Драма над Атлантикот: Авионот со првиот човек на Пентагон морал принудно да слета (ФОТО)

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма над Атлантикот: Авионот со првиот човек на Пентагон морал принудно да слета (ФОТО)

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, објави на мрежата X дека авионот на министерот за војна морал да изврши непланирано слетување поради пукнатина на шофершајбната, објави британски Телеграф.

„Авионот слета во согласност со стандардните процедури, а сите патници, вклучително и секретарот Хегсет, се безбедни“, рече Парнел.

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет ја даде својата најсилна изјава досега на состанокот на европските министри за одбрана во седиштето на НАТО порано денес, предупредувајќи дека САД ќе ја сметаат Русија за одговорна доколку не преземе чекори за прекин на војната во Украина, што е јасен знак за растечката поддршка на американската администрација за Киев.

Како што потврди Пентагон по враќањето во САД од состанокот на министрите за одбрана на НАТО, авионот што го превезуваше Хегсет извршил непланирано слетување во Велика Британија поради пукнатина на шофершајбната. Авионот слетал во согласност со стандардните процедури.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата