Застрашувачкиот инцидент се случил во петокот вечерта, околу 88 километри југоисточно од португалскиот град Пениче.
Рибарите беа првите што реагираа
Откако китовите орки постојано го удираа трупот на едрилицата Ти’фаре, водата почна да се крева. Родителите веднаш испратија SOS сигнал и ги однесоа децата во чамец за спасување.
Рибарскиот брод Силмар брзо реагираше и успеа да го пронајде семејството на отворено море. Кратко потоа, португалските воздухопловни сили испратија хеликоптер EH-101 Мерлин, кој изврши драматична операција за спасување.
Видео кое подоцна беше објавено го прикажува моментот кога спасувачите ги земаат членовите на семејството од палубата на рибарскиот брод.
Членовите на семејството се опоравуваат
„Едрилицата беше нападната од група китови убијци, што предизвика наплив на вода. Екипажот го напушти бродот и подоцна беше пронајден на море, благодарение на реакцијата на рибарите“, се вели во соопштението на властите.
Покрај хеликоптер, во операцијата учествуваа и морнаричка фрегата и спасувачки брод од пристаништето Пениш.
Семејството, кое пред неколку дена исплови од Лориен, Франција, и планираше да плови по португалскиот брег, сега се опоравува, објавува Дејли Меил.
Иако беа шокирани, сите поминаа без повреди - благодарение на брзата и прецизна акција на спасувачите.