Доналд Трамп и Си Џинпинг ги поставија контурите на новиот трговски договор

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доналд Трамп и Си Џинпинг ги поставија контурите на новиот трговски договор

Вашингтон и Пекинг го топат мразот. По повеќемесечна трговска војна, американскиот и кинескиот лидер, Доналд Трамп и Си Џинпинг надминаа низа спорни прашања и ги поставија контурите на новиот трговски договор.

Како што се пофали Трамп по нивната средба во Јужна Кореја, Кина се обврзува да ја сузбие нелегалната трговија на фентанил, да продолжи да купува соја од САД и да овозоможи извоз на ретки метали. За возврат, американскиот претедател ќе ги намали царините за кинескиот увоз за 10 проценти, од сегашните 57 на 47 отсто. Ова беше неверојатна средба рече Трамп по заминувањето од Јужна Кореја.

-Претпоставувам, на скалата од 0 до 10, на која 10 е најдобра, би рекол дека состанокот беше 12. Колку брзо мислите дека би можеле да потпишете трговски договор со Кина? –Мислам, наскоро. Немаме премногу големи пречки. Сега имаме договор. Секоја година ќе го преговараме договорот и мислам дека ќе трае долго. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Средбата на маргините на самитот на Апек е прва по шест години меѓу двајцата лидери. Траеше неполни два часа зад затворени врати, а на отворениот дел доминираа куртоазни пораки.

-Нормално е двете водечки светски економии да имаат недоразбирања понекогаш. Секогаш верувам дека развојот на Кина оди рака под рака со вашата визија да ги направите САД повторно големи. Нашите земји се целосно способни да си помагаат една на друга и да просперираат заедно.

По средбата Трамп лично ги испрати кинескиот колега до возилото, а потоа и самиот се упати кон претседателскиот авион, со што го означи крајот на неколкудневната азиска турнеја. Веста донесе олеснување на финансиските пазари. Кинеските акции се искачија на десетгодишен максимум, а јуанот на највисоко ниво во однос на доларот по една година.

Ваквиот тренд се должи на трговската војна која повторно се разгоре месецов, кога Пекинг најави драматично проширување на ограничувањата за извоз на ретки минерали, а Трамп се закани до дополнителни 100 проценти царини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата