За време на средбата, делегацијата на Хамас ѝ се заблагодарила на Турција за нејзината улога како гарант на Договорот за прекин на огнот, за нејзините напори како посредник во преговорите, како и за надгледувањето на тој процес од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Делегацијата уште еднаш потврдила дека Хамас останува посветен на Договорот за прекин на огнот, и покрај наводните прекршувања од страна на Израел.
За време на средбата, учесниците разговараа за неопходните чекори за напредок на процесот за прекин на огнот и како ќе се надминат постоечките проблеми. Тие ги претставиле и своите визии како да продолжи процесот на примена на следната фаза од Планот.
Турција претстави информации за испратената хуманитарна помош и за нејзините напори да ѝ се стави крај на човечката трагедија во Газа. Беа разгледани и активностите со меѓународните организации за обезбедување пристап на поголеми количества хуманитарна помош, информира телевизијата.

