Ден „Д“ за Франција- ќе преживее ли владата на Бајру?

8.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ден „Д“ за Франција- ќе преживее ли владата на Бајру?

Опозициската левица и десница најавија дека нема да ја поддржат владата, непосредно откако Бајру побара доверба во пресрет на рестриктивниот буџет. Тој пак смета дека треба да ја добие довербата со итноста на фискалната консолидација, најавувајќи пакет од околу 44 милијарди евра кратења за наредната година, предлог за укинување на два државни празника и повисоки давачки за пензионери — мерки кои што предизвикаа жестока реакција и кај левицата, и кај десницата.

„Власта ќе падне“, рече Жан-Лук Меланшон, лидер на крајно левичарската партија „Неосвоена Франција“

Лидерот на крајно десничарската француска партија национален собир во парламентот, Марин Ле Пен во средата повика на распуштање на парламентот, велејќи дека е подготвена да направи „големи жртви“ за да ја донесе својата партија на власт.

Франсоа Бајру е четврти премиер на Франција за три години. Иако претседателот Емануел Макрон вели дека не е за распишување избори, сепак ова е едно од двете можни решенија доколку се изгласа недоверба на владата. Втората опција ќе биде да назначи нов премиер кој ќе мора да состави Влада која ќе се соочи со проблемите кои државата ги има. Сличен обид минатата година го чинеше функција и претходниот премиер Мишел Барние кој беше соборен од премиерската функција со 331 глас.

Ваквата нестабилност во Париз доаѓа во момент кога на Европската Унија и е потребно поголеми единство околу Украина, односите со Кина, како и трговските тензии со САД – теми во кои токму Франција ја игра водечката улога.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата