Според портпаролката на бриселската полициска управа Илсе ван де Кир, во рамки на истрагата за случајот полицијата привела четири осомничени лица.
Таа информира дека истрагата продолжува со цел да се утврдат точните околности на настанот и улогата на секој од осомничените.
Идентитетите на повредените и приведените не се соопштени во интерес на истрагата.
По престрелката на местото на инцидентот пристигнале неколку полициски патроли, како и три амбулантни и две противпожарни возила.
Ова е последен во серијата од 60-тина вооружени инциденти во Брисел од почетокот на годината, во најголем број во реонот на железничката станица „Југ“ и околните квартови во населбите Андерлехт и Сен Жил, при што загинаа најмалку две лица, а десетици беа ранети.
Полицијата овие инциденти ги поврзува со борбата меѓу криминалните, пред се нарко групи, за контрола на територии.