Бројот на загинати од несреќата на популарниот трамвај во Лисабон порасна на 17, властите започнаа истрага

4.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на загинати од несреќата на популарниот трамвај во Лисабон порасна на 17, властите започнаа истрага

„Тука поминував секој ден. Авенијата „Де Либердаде“ повеќе не е иста.“

Три дневна жалост во Лисабон, но и многу неодговорени прашања – што му се случи на познатиот трамвај „Глорија“ кој во смрт однесе најмалку 17 луѓе. Она што е познато е дека еден од двата вагона на туристичката атракција излетал од шините и се забил директно во зграда. Внатре имало околу 40 патници. Идентитетот на жртвите се уште не е потврден, но се знае дека меѓу 20-те повредени, освен Португалци, имало туристи од 10 држави.

-Многу повредени се во сериозна сосојба и се лекуваат во неколку болници. Во земјата е ден на жалост, ден на жалост во Лисабон. Ова е голема трагедија, која не му се случила на нашиот град., изјави Карлос Моедас градоначалник на Лисабон

Компанијата одговорна за „Глорија“ соопшти дека таканаречениот  фуникулар, кој содржи два вагона кои одат во спротивен правец, бил редовно сервисиран и со секојдневна техничка проверка. Очевидци велат дека трамвајот неконтролирано се спуштил од ридот, излетал од шините на еден од свиоците изгубил и се чинело дека има проблем со системот за сопирање.

-Вагонот се преврте околу метар и половина од мене. Беше преполн. Се слушна силен тресок. Сакавме да помогнеме и само што тргнавме, водовма другиот вагон како доаѓа од ридот. Единствено што можевме е да побегнеме. , жителка на Лисабон 

-Секако дека не очекувавме ваква трагедија. Тоа е лошо за нашиот имиџ. , изјави жителка на Лисабон

-Неопходна е независна истрага за да видиме каде е причината за да превенираме ова да не се случи повторно., жител на Лисабон

Според дел од медиумите, неофицијално причина за трагедијата била кинење на еден од каблите, кој е клучен за системот на противтежа кој овозможува возилото да се двиќи нагоре и надоле по стрмниот рид во центарот на Лисабон.

-Тие се поврзани со кабел еден со друг. Еден кабел ги поврзува двата вагона. Toa во теорија значи дека се екстремно безбедни. , изјави за BBC, Герет Денис, инженер од Лондон

Фуникуларот „Глорија“, според лисабонските власти, превезува околу три милиони луѓе годишно. Овој систем се користи од 1914 година. Првично работел на воден, потоа на систем базиран на пареа, а во последните децении на електричен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата