Филипс е прогласен за виновен во јули за обид да пренесе информации за поранешниот британски министер за одбрана Грант Шапс на двајца мажи за кои верувал дека се руски разузнавачки офицери, но всушност биле британски тајни агенти, објави АП.
„Бевте подготвени да ја предадете вашата земја за пари“, рече судијката Боби Чима-Граб за време на изрекувањето на пресудата во Крунскиот суд во Винчестер.
Таа додаде дека Филипс „има нарцисоидни особини на личноста и претерано чувство на самоважност“. За време на судењето, беше наведено дека обвинетиот имал намера да им помогне на руските агенти од крајот на 2023 година до мај 2024 година.
Според судот, Британецот се обидел да ги предаде личните контакти на Шапс и информациите за локацијата на неговиот приватен авион, со цел да им овозможи на Русите да ги прислушуваат британските одбранбени планови.
Неговата поранешна сопруга рече дека Филипс „сонувал да биде како Џејмс Бонд“ и опсесивно гледал филмови за британските тајни служби затоа што бил „заљубен во идејата“.
Во изјава до судот, Шапс рече дека бил шокиран кога дознал за активностите на Филипс и потсети дека бил на вечера во својот дом во 2002 година.
„Неприфатливо е неодговорното однесување на некого да го изложи моето семејство на сериозните ризици што ги претставуваат активностите на странска разузнавачка служба“, рече поранешниот министер.

