„Блокирајте сè“ – Франција во нов бран протести и немири

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Блокирајте сè“ – Франција во нов бран протести и немири

Најмасовни собири се очекуваат во западниот дел од земјата – Брест, Сен Брије, Оре, Ван, Гер, Рен и Фужер.

На 10 септември веќе беа одржани масовни демонстрации против мерките за штедење предвидени во буџетот за 2026 година. Според Министерството за внатрешни работи, во протестите учествувале околу 200.000 луѓе на стотици собири, а редот го обезбедувале 80.000 полицајци.

Во повеќе градови дојде до немири. Во Нант и Монпеље демонстрантите блокираа патишта и палеа гуми, по што полицијата употреби солзавец. Во Тулуз пожар на железничките пруги предизвика прекини во сообраќајот, додека во Бордо група маскирани лица се обиделе да блокираат сообраќајници.

Во Париз, кај училиштето „Елен-Буше“, демонстрантите превртуваа контејнери и палеле огнови, а во Лион група успеала накратко да ја заземе железничката станица.

Вчера полицијата уапси десетици лица кои се обиделе да блокираат универзитетски кампус во предградието Брон. Станува збор за група од 50 до 100 маскирани лица вооружени со железни шипки и други предмети.

Многу демонстранти за социјалните и економските проблеми директно го обвинуваат претседателот Емануел Макрон. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата