Во чест на посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, формалното мени на работниот ручек со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа содржеше класична американска есенска кујна, објавено е денеска на веб-страницата на Белата куќа.
Менито за работниот ручек, како што е наведено, вклучувало градинарска салата со семки од калинка, краставица, рендана ротква и дресинг од нане и лимон како предјадење, објавува унгарскиот портал Хирадо.
Орбан и унгарската делегација имаа печено пилешко со мајчина душица, пире од сладок компир, бриселско зелје и кељ за главно јадење на работниот ручек со Трамп, додека за десерт пита од тиква, сладолед од ванила, крекери од семки од тиква и медени колачиња.
Унгарија и САД потпишаа серија договори во областите на нуклеарната енергија, одбраната и енергетиката за време на вчерашниот состанок меѓу Орбан и Трамп.
По разговорот со Трамп во Белата куќа, Орбан рече дека Унгарија добила ослободување од санкциите на САД за руските енергетски производи.

