„Сите страни се согласија да воспостават механизам за следење и верификација што ќе обезбеди одржување на мирот и изрекување казни за страната што го прекршува договорот“, се наведува во соопштението по разговорите одржани помеѓу 25 и 30 октомври, јавија британските медиуми.
Авганистан и Пакистан се согласија да ги продолжат мировните преговори во Истанбул на 6 ноември и да го одржат прекинот на огнот дотогаш, соопшти турското Министерство за надворешни работи, според TRT World.
„Сите страни се согласија да го продолжат прекинот на огнот. Модалитетите на неговото спроведување ќе бидат разгледани и одлучени на состанок на високо ниво во Истанбул на 6 ноември 2025 година“, соопшти турското министерство.
Во исто време, Ал Џезира наведува дека портпаролот на авганистанската Влада оценил дека преговорите „се одвивале во позитивна атмосфера“.
Судирите избувнаа по пакистанските воздушни напади врз Кабул претходно овој месец, што го натера Авганистан да одговори со напади врз пакистанските воени позиции долж границата долга 2.600 километри.
Пакистанската армија минатата недела објави дека пет војници и 25 членови на пакистанското талибанско движење се убиени во судирите во пограничната област.

