Според a2cnn, 44-годишникот, осомничен за трговија со дрога, бил убиен на улицата во близина на трговскиот центар Санта Фе, во населбата Ел Побладо, а осомничените биле уапсени од полицијата, пренесува klankosova.tv.
Понатаму се наведува дека Туши имал криминално досие во Шпанија, каде што полицијата го регистрирала.
За време на убиството, повредена е жена која го следела 44-годишниот Албанец.
Исто така, е објавено дека осомничениот за убиството, кој патувал на мотоцикл, е уапсен во општина Бело, на север од долината Абура во Колумбија.
Мотоциклот и огненото оружје за кое се сомнева дека е употребено во убиството, се конфискувани.