Аксиос: Белата куќа има мировен план за Украина во соработка со Русија

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аксиос: Белата куќа има мировен план за Украина во соработка со Русија

Планот содржи 28 точки по примерот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа.

- Слично на планот за Газа, предлогот се состои од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи на САД со Русија и со Украина, наведе Аксиос повикувајќи се на неименувани извори.

Американскиот специјален претставник Стив Виткоф го води формирањето на планот и детално го дискутира со рускиот претставник Кирил Дмитриев и со советникот за безбедност на украинскиот претседател Рустем Умеров.

Според Аксиос, Белата куќа почнала да ги информира европските претставници за предлогот.

Белата куќа сè уште не ги коментираше наводите на американскиот портал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата