Аеродромот „Брисел-Шарлроа“ повторно отворен за сообраќај, дојавата за бомба лажна

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аеродромот „Брисел-Шарлроа“ повторно отворен за сообраќај, дојавата за бомба лажна

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, аеродромот е отворен за сообраќај по извршената безбедносна проверка на авионот на „Рајанер“, кој слетал од Португалија, при што не е пронајдена никаква експлозивна направа. 

По добиената закана за бомба околу аеродромот беше прогласен „безбедносен периметар“ во должина од половина километар и беа откажани сите полетувања и слетувања, но не беше спроведена евакуација на патниците на аеродромскиот терминал. 

- Денеска претпладне, кусо пред 11 часот, беше активирана закана за бомба во авион што слета на аеродромот „Шарлроа“. Околу авионот беше поставен безбедносен периметар, што наложи затворање на пистата и со тоа прекин на операциите. Надлежните органи ја презедоа контролата, соопшти претходно аеродромската администрација. 

Администрацијата сега информира дека и покрај возобновениот авиосообраќај, во наредните часови можни се доцнења на некои летови. 

Инаку, од аеродромот во Шарлроа летаат и авионите на релација Брисел-Скопје и обратно./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата