Даде отказ моќен американски директор со годишна плата од 26 милиони долари

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Даде отказ моќен американски директор со годишна плата од 26 милиони долари

Тој ќе биде заменет од Стивен Хемсли, претседател на Управниот одбор и поранешен извршен директор кој ја водеше компанијата од 2006 до 2017 година. Вити, кој го водеше гигантот во здравствената индустрија четири години, по отказот ќе остане во ограничена улога како виш советник на Хемсли.

„Му сме благодарни на Ендру за неговото лидерство во UnitedHealth Group, особено во некои од најпредизвикувачките времиња што една компанија некогаш ги доживеала“, рече Хемсли во соопштението, додавајќи дека компанијата „многу го цени неговото лидерство и сочувство како извршен директор и член на одборот и му посакуваме нему и на неговото семејство се најдобро“.

Вити ја водеше компанијата по атентатот врз извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, минатата година. „ЈунајтедХелткер“ е една од главните деловни единици на матичната компанија што ја водеше Вити.

Убиството на Томпсон пред хотел во Њујорк предизвика широко распространето јавно негодување против индустријата за здравствено осигурување. Во колумна за „Њујорк тајмс“, Вити призна дека американскиот здравствен систем „не е совршен“ и дека одлуките за осигурување „не се јасно разбрани“.

Тој, исто така, го бранеше „ЈунајтедХелткер“, но призна дека компанијата сноси и одредена одговорност за недостатокот на разбирање на одлуките за здравствена заштита.

Во истата изјава во вторникот, „ЈунајтедХелт Груп“ (UNH) ги суспендираше своите финансиски прогнози за оваа година, бидејќи трошоците за програмата „Медикер Адванџмент“ „останаа повисоки од очекуваното“. Компанијата очекува враќање на растот во 2026 година.

Минатиот месец, разговарајќи со аналитичарите по објавувањето на својот последен квартален извештај, Вити рече дека „целокупниот резултат, искрено кажано, беше необичен и неприфатлив“. Тој ден, акциите на компанијата паднаа за повеќе од 20%, што е најголемиот еднодневен пад во речиси три децении, објави CNN.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата