„Врз основа на првичните собрани докази, се чини дека на возачот на возилото со автоматски менувач му се слошило зад воланот. Возилото продолжило да се движи по патот неколку метри пред да удри во група луѓе. Една жена загинала, а уште три лица се во критична состојба. Теоријата за намерно дејство е формално отфрлена“, изјави обвинителот на Кутанс, Готје Пупо.
Французинот претрпел полесни повреди, како и уште едно лице во автомобилот, а четворица пешаци, на возраст меѓу 48 и 77 години, се повредени, од кои тројца потешко, објави „Ле Фигаро“.
Во спасувачката операција учествувале повеќе од триесет пожарникари, екипи за итна медицинска помош и три хеликоптери.