Ова предизвика незадоволство во музичката индустрија, објавува телевизијата BFM.
Ксанија Монае дебитира на американските топ листи со глас што потсетува и на Бијонсе и на Алиша Кис.
Издавачката куќа „Холвуд Медиа“ потпиша мултимилионски договор со Монае, според Танјуг.
Во последните месеци, нејзината песна „How Was I Supposed To Know?“, од албумот Unfolded, објавен во август, имаше речиси два милиони преслушувања на Spotify.
Телиша Џонс пишува оригинални текстови и ја користи платформата Suno за да ги генерира песните на Ксанија Монае според нејзините упатства.
Платформата Suno, која користи генеративна вештачка интелигенција за создавање музика преку одредување на стил, структура и расположение, самата се најде на удар.
Големите издавачки куќи „Universal“, „Warner“ и „Sony“ ја обвинија за нелегално користење на своите каталози за обука на своите алгоритми, покренувајќи голем број прашања за легалноста и етиката на овој вид креација, според BFM.
Музичкото списание „Billboard“ процени дека куповната цена за виртуелен пејач е најмалку три милиони долари (повеќе од 2,5 милиони евра).