Вил Смит фатен во лага- преку вештачка интелигенција прикажува концерти полни со публика

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вил Смит фатен во лага-  преку вештачка интелигенција прикажува концерти полни со публика

Видеото на неговиот официјален YouTube канал ги прикажува обожавателите со искривени лица, заматени екстремитети, па дури и дополнителни прсти, што предизвика лавина коментари за употребата на вештачка интелигенција наместо вистински снимки.

Реакциите беа претежно негативни. Обожавателите изразуваат разочарување и срам од потегот на познатиот актер и музичар, додека критичарите истакнуваат дека е чудно што уметник со таков статус би посегнал по вакви трикови. Прашањето за тоа колку се автентични неговите настапи се повеќе се поставува на социјалните мрежи, а сомнежите ги придружуваат и најавените настапи во Манчестер, Лондон и Вулверхемптон.

Критики за автентичноста на настапот

Ова не е прв пат употребата на вештачка интелигенција да предизвика контроверзии во музичката индустрија, но овој потег на Вил Смит добива посебно внимание поради неговиот глобален статус. Прашањето е како ова ќе влијае на понатамошниот тек на неговата турнеја, бидејќи многумина веруваат дека уметниците од неговиот калибар не треба да ја манипулираат публиката за промоција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата