На Тикток-видеото, на венчавката специјално сместена во местото Матамата коешто Фродо Багинс - ликот на Вуд, го нарече дом во познатата филмска трилогија на Питер Џексон, Вуд притаено пристигнува со повеќе сниматели за да го документираат изненадувањето. Штом се појави, глумецот истрча до олтарот, за венчалното искуство на невестата и младоженецот, кои се обожаватели на приказната, да биде целосно.
@hobbitontours An unforgettable wedding in The Shire... #hobbiton ♬ original sound - Hobbiton Movie Set
„О, Боже мој!“, извика среќниот пар.
Можеби ќе ве интересира: Познато е кога во кината доаѓа новиот „Господар на престените“
Присутните, сепак, забележаа дека, во својата обична јакна, фармерки и патики, Вуд (44) се издвојува од своите обожаватели облечени како хобити. Но, сепак, се фотографираше со повеќемина, меѓу кои и младенците.
@hobbitontours Replying to @VowsWowsandWTF?! ♬ A Very Respectable Hobbit (Bonus Track) - Howard Shore

