Таа се извини што ја прекинала програмата, објави Блиц.
Водителката на играта на среќа „Бинго“ Маша Зиповски се струполила во живо на емисијата, а сега проговори на социјалните мрежи и откри како се чувствува.
- Ви благодарам на сите за вашата загриженост. Се случува, но сега сè е во ред - изјавила Маша.
- Извинете што ја прекинав програмата и ви благодарам за разбирањето. Се гледаме утре - додаде таа на Инстаграм.
Таа ги извикувала броевите извлечени за добитната комбинација, а потоа одеднаш се струполила и исчезнала од кадарот.
- Заедно со бројот 23, ќе се појави топчето број 10, следното топче го носи бројот 21. Следен е бројот... - рече Маша непосредно пред да падне.
Како што може да се види на видеото, снимателите веднаш ѝ притрчале на помош, а емисијата била прекината со реклами. Патем, Маша е многу активна на Инстаграм, каде што често споделува фотографии од студиото, како и од приватниот живот, и привлекува големо внимание со својот атрактивен изглед.

