Славна оскаровка откри дека поради сиромаштија со мајка ѝ живеела и спиела во автомобил

22.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Славна оскаровка откри дека поради сиромаштија со мајка ѝ живеела и спиела во автомобил

Оскаровката (49) неодамна се осврна на почетокот на својата кариера, признавајќи дека спиела во автомобил со нејзината мајка Џуди кога првпат пристигнала во Холивуд.

Свонк се присети во новото интервју за Wall Street Journal дека го напуштила средното училиште во Вашингтон по втората година во обид да стане актерка во Лос Анџелес. Таа објасни дека нејзината мајка во тоа време се разделила од нејзиниот татко Стивен.

„Постојано барав работа. Кога не спиевме во автомобилот, бевме во куќата на мојот нов пријател на моја возраст, чие семејство штотуку се иселило и се обидувало да го продаде својот дом“, се сеќава таа.

Џуди потоа нашла работа како секретарка во Калифорнија и изнајмиле гарсоњера. „Бев возбудена да го живеам мојот сон“, вели таа. Потоа ѝ се заблагодари на својата мајка, која отсекогаш ѝ била најголема поддршка.

„Иако сум среќна што го напуштивме Л.А., повремено, кога сум таму на состаноци, возам по улицата во Пасадена каде што јас и мајка ми се паркиравме и спиевме. И покрај сѐ, чувствувам носталгија за деновите кога немавме ништо“, заклучила таа.

За потсетување, оскаровката и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер станаа родители на близнаци во април 2023 година. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи и открија дека родила момче и девојче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата