Членовите на бендот се стрчаа да ѝ помогнат, но таа брзо стана.
Вчера вечер, пејачката Северина го имаше првиот од двата настапи во Загрепската арена. Концертот беше распродаден, а Северина ја забавуваше публиката речиси три часа. Таа изведе повеќе од 30 хитови. На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како Северина ја изведува песната „Твоја прва девојка“. Таа танцува на сцената, но во еден момент се сопна и падна.
Но, тоа воопшто не ја спречи Северина дпобро да се забавува. Членовите на бендот брзо ѝ притрчаа на помош, но таа немаше потреба од тоа. Стана, ѝ кажа на публиката дека сè е во ред и - продолжи да пее!, објави 24.сата.

