Нивната приказна започнала во далечната 1987 година на снимањето на филмот „Lemon Sky“, а следната година застанале пред олтарот - во тоа време немале поим дека покрај љубовта ги поврзува и необична семејна нишка.
Неочекувано откритие
Дури во 2011 година, додека учествувале во шоуто „In Search of Roots“, двојката дознала дека всушност се далечни роднини. Се испоставило дека се во роднинска врска до деветти степен - што во пракса значи дека Кира е далечна братучетка на Бејкон. Иако откритието било шок за многумина, Сеџвик признава дека не била изненадена:
„Видете. Знаев! Знаев! Знаев! Знаев! Знаев. Знаев дека ќе бидам во роднинска врска со Кевин Бејкон, мислам, повеќето белци се некако во роднинска врска. Не сум изненадена, искрено. Претпоставував дека затоа нè тестирале двајцата, морав да се преправам дека сум изненадена.“
Откритието не го потресе нивниот брак – Кира додаде во тоа време: „Сè е во ред сè додека не сме најблиски роднини“.
Љубов што трае со децении
Холивудските актери Кевин и Кира редовно споделуваат делови од нивниот секојдневен живот на социјалните мрежи, покажувајќи колку е силен нивниот брак. Актерот неодамна се огласи на Инстаграм за да сподели нежна порака до својата сопруга.
Овој пат, тоа беше 60-тиот роденден на Кира. Наместо класичен подарок, Бејкон ја изненади – ѝ купи две крави и објави видео од моментот на Инстаграм.
Обожавателите беа воодушевени од гестот
Коментарите на социјалните мрежи брзо следеа:
„Наградата за најдобар сопруг му припаѓа на Кевин Бејкон“
„Каква слатка двојка сте“
„Среќен роденден Кира, го имаш најдобриот сопруг“
„Боже, твоето семејство и животните носат толку многу среќа“