Ријана изгуби 36 милиони долари: Сакаше да соработува со познат моден бренд, но овој потег скапо ја чинеше

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ријана изгуби 36 милиони долари: Сакаше да соработува со познат моден бренд, но овој потег скапо ја чинеше

Американската пејачка, која има 37 години, ја лансираше својата модна линија „Fenty“ во 2019 година, во соработка со луксузниот француски бренд, но проектот пропадна и беше затворен во 2021 година поради пандемијата.

Поради ограничувањата за патување во време на ковид-пандемијата, дизајнерката Ријана, која сакаше лично да биде вклучена во процесот, не можела да го посети атељето во Париз, ниту италијанските модни куќи каде што се изработувале производите, објавија тогаш медиумите.

Кога го започна проектот, беше откриено дека Ријана вложила 29.988.000 евра (34,86 милиони долари), додека матичната компанија на „Louis Vuitton – LVMH“ – вложила 30 милиони евра (34,88 милиони долари).

Француската компанија била регистрирана под името „Project Loud France“, како омаж на нејзиниот петти албум Loud.

Ријана – чија нето вредност се проценува на 1,4 милијарди долари – ги вложила средствата преку „Denim UK Holdings“ и станала 49,99% сопственик во заедничкото партнерство.

Во 2021 година, Ријана и „LVMH“ заеднички одлучиле да го затворат модниот бизнис за да се фокусираат на козметиката и долната облека.

Можеби ќе ве интересира:

Откако по два сина му роди ќерка, Асап Роки почна да зборува за свадба со Ријана (ФОТО)

Ријана роди ќерка, ѝ даде уникатно име

Ријана дојде на филмска премиера, а насмевката на нејзиното момче Асап Роки ги изненади сите

Во заедничко соопштение тогаш беше наведено:

„LVMH и Ријана ја потврдуваат својата амбиција да се концентрираат на растот и долгорочниот развој на екосистемот Fenty, со фокус на козметика, нега на кожа и долна облека.“

„Fenty“ – именуван по целото име на пејачката, Робин Ријана Фенти – требаше да го надгради нејзиниот успешен козметички бизнис со „LVMH“, нудејќи цела линија облека, обувки и модни додатоци.

Но, линијата беше прескапа – скоро 1.000 долари за јакна од тексас и 810 долари за корсетирана кошула – и не успеа да предизвика интерес како нејзините други брендови.

Модната етикета „Fenty“ беше насочена кон луксузниот пазар, додека „Fenty Beauty“ и „Savage X Fenty“ беа поевтини и попристапни за поширока публика.

Лансирањето го следеа сите водечки модни списанија, меѓу кои и „Vogue“, кој во мај 2019 година со воодушевување напиша:

„Чекањето за првиот поглед на модната линија на Ријана, поддржана од „LVMH“, конечно заврши.

Новата луксузна модна куќа „Fenty“, која ќе вклучува готова облека, обувки и додатоци, ќе биде официјално претставена во Париз.“

Ријана самата тогаш изјави во соопштение:

„Жените се силата на оваа земја. Ние сме повеќеслојни, сложени, ранливи, но и неуништиви – и Fenty зборува за сите тие наши нијанси.

Некои денови сакам да бидам нежна и тивка, други целосно сум во контрола, а најчесто – и двете. Затоа беше важно да создадеме линија доволно разновидна за да нè слави на секој начин.

Колекциите се дизајнирани да се комбинираат и да станат основни делови од нашата гардероба. Пресреќна сум што ќе гледам луѓе облечени во мојата облека!“

Според „Daily Mail“, биле побарани коментари од претставниците на Ријана.

Откако ја започна својата музичка кариера, Ријана изгради силна позиција во модната и козметичката индустрија преку успешните линии „Fenty Beauty“ и „Savage X Fenty“.

Во 2022 година, таа влезе во историјата како најмлада жена-самоизградена милијардерка во САД, на возраст од 34 години.

Така ја симна од тронот Ким Кардашијан (тогаш 41), откако со своите деловни потфати собра импресивно богатство од 1,4 милијарди долари.

Нејзиниот финансиски успех беше потврден кога Forbes ја вклучи на годишната листа на најбогати самоизградени жени во Америка, каде што беше рангирана на 21-то место – и беше единствената жена под 40 години на таа листа.

Ријана, родена на Барбадос, била откриена во 2003 година од американскиот продуцент Еван Роџерс, кој ја претставил на „Def Jam Recordings“.

Таму, нејзиниот талент веднаш го препознал Џеј-Зи, кој ја поканил да настапи – и така започна нејзината блескава кариера.

Подоцна стана една од најпродаваните музички уметници на сите времиња, со повеќе од 250 милиони продадени записи ширум светот, благодарение на хитовите „Pon de Replay“, „Umbrella“, „SOS“, „Unfaithful“, „Good Girl Gone Bad“ и „Don’t Stop the Music“.

Ријана се појави и во неколку филмови и стана икона во модниот свет, соработувајќи со „Armani“, „Dior“ и „Puma“.

Во 2017 година, ја стави музиката на пауза за да се посвети на својот деловен империум – лансирајќи ја „Fenty Beauty“, линија на козметика со производи како пудри, хајлајтери, бронзери, руменила и сјаеви за усни, која ги надмина брендовите на други славни личности како „Kylie Cosmetics“ и „KKW Beauty“.

Една година подоцна ја прошири компанијата со линијата за долна облека „Savage X Fenty“, која нуди модели во различни големини и кроеви – прилагодени за сите типови тела.

Додека го гради својот бизнис, Ријана истовремено го проширува и семејството – неодамна го доби своето трето дете со раперот A$AP Rocky.

Минатиот месец го објави раѓањето на ќерката Роки Ајриш Мајерс, а претходно ги роди и синовите RZA (3 години) и Riot (2 години).

Пишува: Дејли Мејл

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата