Речиси дваесет години откако ги добија своите легендарни улоги како Миранда, Енди, Емили и Најџел - Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат на модните улици на Њујорк и елегантните канцеларии на списанието „Ранвеј“ во долгоочекуваното продолжение на феноменот од 2006 година што дефинираше една генерација.
Филмот ја обединува оригиналната главна екипа со режисерот Дејвид Франкел и сценаристката Алин Брош Мекена и воведува мноштво нови ликови, вклучувајќи ги Кенет Брана, Симон Ешли, Џастин Теру, Луси Ли, Патрик Брамхол, Кејлеб Широн, Елен Ж. Шен, Полин Шаламет, Б.Џ. Новак и Конрад Рикамора.
Трејси Томс и Тибор Фелдман, исто така, ги повторуваат своите улоги како „Лили“ и „Ирв“ од првиот филм. „Ѓаволот носи Прада 2“ е продуциран од Венди Финерман, а извршни продуценти се Мајкл Бедерман, Карен Розенфелт и Мекена.
Филмот „Ѓаволот носи Прада2“ ќе биде ексклузивно прикажан во кината на 1 мај 2026 година.

