Никол Кидман по разводот се сели во луксузна населба во Португалија

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Никол Кидман по разводот се сели во луксузна населба во Португалија

Луксузната населба е позната како „Португалски Хемптонс“ и се наоѓа на еден час јужно од Лисабон, пишува Дејли Меил.

Познати во соседството

Актерката поднела барање до португалската агенција за имиграција уште во јули, а веќе тогаш се појавиле прашања бидејќи името на Кит не било во документите. Доколку Никол и нејзините ќерки Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14) се преселат во Португалија, ќе имаат многу познати соседи.

Принцот Хари и Меган Маркл, Џорџ Клуни, Парис Хилтон и принцезата Евгенија веќе поседуваат домови во одморалиштето Компорта, кое Никол го посетила. Минатата година, Хари и Меган наводно потрошиле 4,7 милиони долари за луксузен стан на плажа во истиот комплекс.

Крај на бракот и поделба на имотот

Никол се разведува од Кит по 19 години брак. Двојката поседува имоти во Тенеси, Менхетен, Сиднеј и Нов Јужен Велс, како и вила во Беверли Хилс, но сè уште не е познато како ќе ги поделат. Никол поднесе барање за развод минатиот месец, наведувајќи ги непомирливите разлики, додека извор за Дејли Меил изјави дека Урбан можеби веќе е во нова врска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата