Контроверзен боксер ѝ платил на Розга 25.000 евра за да му пее еден час

19.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Контроверзен боксер ѝ платил на Розга 25.000 евра за да му пее еден час

Имено, пред неколку дена, атрактивната  Розга била специјален гостин на роденденска забава на близок член на семејството на Љубан Хофман Видовиќ, која се одржала во елитен белградски ресторан.

Познато е дека убавицата од Сплит ретко пее на приватни прослави, но според информациите на кои се повикува српски Курир, Хофман и неговата сопруга морале да издвојат 25.000 евра за убавата Јелена Розга за да може таа да го разубави овој прекрасен ден со своите хитови.

Розга пеела вкупно еден час, а имала и посебни услови за да настапи дури и на оваа луксузна прослава.

„Целата прослава чинеше повеќе од 50.000 евра. Ресторанот беше декориран според желбите на семејството, имаше и балерина, а во менито имаше се од пиле млеко како што се вели. Тортата за славеникот беше висока четири ката. Хофманови сакаа Розга да им пее, па дури и не прашаа за цената. Таа ги пееше своите најголеми хитови вкупно еден час и за тоа доби 25.000 евра. Беше во тесен долг леопард фустан и ги воодушеви сите со својот стас и глас. Беше одлично расположена, а дојде во Белград на денот на настапот и веднаш се врати во Хрватска“, вели извор од местото на настанот.

Инаку, Љубан е еден од двајцата контроверзни браќа Хофман, а тие станаа познати на пошироката јавност во 2023 година, кога беа приведени во спектакуларна полициска операција во трговски центар во Белград поради снимки објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како малтретираат и злоупотребуваат доставувач на храна и келнер.

Едниот од браќата, Миљан Видовиќ е сè уште во затвор.

Браќата Видовиќ се боксери од Бјелина, претходно познати на полицијата и во Република Српска, но во последните години живеат во Србија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата