Станува збор за промоција на новиот романтичен филм „A Big Bold Beautiful Journey“ во Беверли Хилс, а таа позираше со својот колега Колин Фарел.
По светскиот успех со филмот „Барби“, а потоа и паузата поради бременоста и мајчинството, Марго Роби се врати на работа, на радост на сите оние кои со нетрпение го очекуваа нејзиното враќање.
Актерката, која со години важи за најубавата холивудска ѕвезда, го привлече вниманието во црн мини фустан кој ја истакна нејзината витка фигура, а изгледа како никогаш да не родила.
Многумина се согласуваат дека Марго Роби изгледа уште поубаво откако стана мајка, а синот го доби со сопругот Том Екерли, со кого има и деловно партнерство во продуцентската куќа „ЛакиЧап“.
Сè уште не е познато какво име му дале на својот син, бидејќи го чуваат својот приватен живот во строга тајност.