Фото- видео: Алек Болдвин се удри со автомобилот во дрво

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото- видео: Алек Болдвин се удри со автомобилот во дрво

Предниот дел од неговото возило бил вдлабнат, но Болдвин и неговиот брат Стивен, кој бил во автомобилот со него, не се повредени, соопштија официјални лица, пренесува ABC News.

По инцидентот, Болдвин објави порака на Инстаграм во која ги објаснува околностите на несреќата. „Имав сообраќајна несреќа утрово. Добро сум“, изјавил актерот.

Популарниот актер во видео пораката на Инста изјави дека патот му го пресекол „камион за ѓубре со големина на кит“ и за да го избегне, со автомобилот се удри во дрво, оштетувајќи го автомобилот на неговата сопруга, Хиларија Болдвин.

Болдвин им се заблагодари на полициските службеници во Ист Хемптон за нивната брза помош, додавајќи дека поднел пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата