Фото: Опуштената Никол на улица во Њујорк

27.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Опуштената Никол на улица во Њујорк

Американската пејачка Никол Шерцингер, која последната година привлекува внимание со своите неверојатни вокални способности во театарската адаптација на филмот „Sunset Boulevard“, и овој пат успеа да ја хипнотизира јавноста.

Папараци ја фотографираа  Никол на улиците на Њујорк, а како што објавија странските медиуми, таа требаше да биде гостинка во „The View“. За таа пригода, атрактивната пејачка одлучила да облече креација од брендот „Brandon Maxwell“ што ја нагласува нејзината совршена фигура.

Фустанот од корсет во темна боја е украсен со деколте, но и асиметричен крој. Длабок шлиц на едната бутина беше исто така забележлив, откривајќи ги витките нозе на популарната пејачка.

Стилинг-формата на Никол Шерцингер е чист доказ дека на жената не ѝ се потребни раскошни облеки за да изгледа совршено - само треба да има чувство за мода и да биде самоуверена во носењето.

Многу девојки коментираа -Кога си една од најсексипилните пејачки, сè ти стои добро .

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата