Познато е дека актерот ретко се одвојува од својата девојка, но со изразот на лицето во Франција, не изгледаше претерано среќен.
За таа пригода, Шон избра класично црно одело кое го комбинираше со маица за да додаде малку лежерност. Валерија пак на црвениот тепих блесна во темно син свилен фустан со длабоко деколте.
И покрај разликата во годините, двојката ужива во својата љубов и не се грижи за коментарите.
Пред Валерија, Шон Пен беше во брак 15 месеци со Лејла Џорџ, која е негова трета сопруга. После тоа, тој истакна дека никогаш повеќе нема да биде во врска во која не чувствува слобода.