Колумбиската убавица Софија Вергара е на Неделата на модата во Париз.
Софија Вергара брзо се врати на своите обврски по проблемот со алергиите и продолжи да нè воодушевува со своите модни изданија.
Иако неодамна Софија беше во центарот на вниманието поради тешка алергија што ја имаше, и поради тоа ги откажа сите работни обврски, сега таа блеска со полн сјај.
Во Париз, таа посети и уживаше и на модни ревии, но и во ноќниот живот, а за таа пригода избра тесен кожен фустан кој совршено ги истакнуваше сите нејзини облини, посебно бујното деколте.